Ш0к за Реал: Лоша повреда на Марсело, многу лоша


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид успеа да го совлада Бетис со резултат од 5:3во сјаен натпревар, но Кралевите би можеле да останат без левиот бек Марсело и тоа на подолг период.

Имено, Марсело мораше да го напушти натпреварот уште во првото полувреме поради, како што се чинеше повреда на задната ложа, која изгледаше од тешка природа.

„Мораме да причекаме и да видиме што ќе кажат докторите. Мораше да го напушти теретон и вестите засега се лоши, многу лоши. Во наредните 48 часа ќе знаеме повеќе детали од неговата повреда“, изјави после натпреварот некогашниот фудбалер, а денес висок функциониер на Реал Мадрид, Емилио Бутрагуено.

Овен Марсело, се чини дека и Начо претрпе повреда, но во овој случај Бутрагуено беше оптимист и истакна дека дефанзивецот на Реал претрпел само незгоден удар и дека се чуствува добро.