МЗТ Скопје против најголемиот ривал Работнички обезбеди нова Куп титула

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Купот на Македонија откако во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го совладаа тимот на Работнички со 76:67.

Со освојувањето на трофејот „металците“ се израмнија по бројот на освоени куп титули со Работнички и сега и двата тима имаат по девет во своите витрини.

Вечното дерби ни понуди кошарка каква што посакувавме да видиме, тензична и неизвесна до самиот финиш на натпреварот.

МЗТ Скопје во поголем дел од средбата имаше водство, но тоа водство ретко одеше на двоцифрена разлика, па така Работнички во неколку наврати го стигнуваше, па и успеваше да поведе.

Сепак, до самиот крај и покрај борбената и пожртвувана игра Работнички не успеа да го стигне актуелниот шампион на Македонија.

Најпрецизен кај „штрковите“ беше Бојан Трајковски со 18 поени, додека во редовите на Работнички одличен натпревар одигра ветеранот Димитар Мираковски кој реализираше 24 поени.

Share.