Азар е среќен во Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот интернационалец од редовите на Челси, Еден Азар истакна дека е среќен во клубот и барем засега ги отфрли најавите за трансфер во Реал Мадрид.

„Имаме уште неколку месеци да се обидеме да освоиме нешто, а потоа доаѓа Светското првенство. Јас сум тука и имам уште две и пол години од договорот. Многу сум задоволен тука и играм на секој натпревар. Фановите ме почитуваат, а моето семејство сака да живее овде, но ќе видиме што ќе се случи во иднина“ –коментираше Азар.

Потоа Белгиецот беше запрашан дали му годи интересот од Реал Мадрид на што тој категорично одговори со „Да“.

„Сепак тоа се случува неколку години, тие се заинтересирани, а кога не се тие заинтересиран е ПСЖ, па кога не е ПСЖ повторно е заинтересиран Реал. Засега сум среќен тука каде што сум“-заврши Азар.