Мурињо го изнафали младиот Мектомини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо упати голем број пофални зборови кон младиот Скот Мектомини кој ја игра првата сезона во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.

Мектомини во Манчестер Јунајтед е од 2002 година, а оваа година доби шанса да игра во првиот тим. Играчот од средниот ред ја искористи секоја минута која му беше понудена и одигра доста зрело за неговите години, па затоа сите го сметаат како наследник на Мајкл Керик кој ќе се пензионира по крајот на сезоната.

„Искрено, мислам дека Скот заслужува многу повеќе внимание отколку што добива. Сметам дека тоа е така затоа што тој е од оние типови на деца со нормална фризура, без тетоважи, без големи коли, без скапи часовници и е скромно дете кое во Манчестер пристигнало на девет или десет години.

Минатата година за малку ќе заминеше од клубот, кој знае каде, кој знае во која дивизија ќе играше сега. Сметам дека детето заслужува малку повеќе внимание“ –коментираше Жозе Мурињо.