Изненадувачки трансфер на ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Пари Сен Жермен во текот на летниот преоден рок ќе тргнат по услугите на играчот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо.

Аргентинецот се уште го нема продолжено неговиот договор со Манчестер Јунајтед, а медиумите пренесуваат дека преговорите „удриле во ѕид“ и дека веројатно Рохо нема да ја продолжи соработката со „ѓаволите“.

Актуелниот договор на Маркос Рохо со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, а од ПСЖ се подготвени да платат околу 30 милиони евра за неговите услуги.