Лацио им се врати на победите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Лацио очекувано лесно славеше победа против тимот на Верона со 2:0 со што ја прекина низата од три порази по ред во Серија А.

Домашниот тим во првиот дел имаше дури 22 удари кон голот на Николас и неколку стопостотни шанси, но ниту една топка не заврши во мрежата на голманот на Верона.

Ако гостите од Верона ги запреа нападите на Лацио во првиот дел, во второто полувреме им немаше спас. Се играше 56. минута кога Имобиле погоди за водство од 1:0, а само четири минути подоцна со глава го постави конечниот резултат на натпреварот.

Лацио со оваа победа повторно се врати на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.