Левандовски го потврди интересот од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски потврди дека е свесен за интересот од Реал Мадрид. „Кралевите“ планираат во текот на летниот преоден рок со сите сили да тргнат по Полјакот кого го гледаат како замена за Бензема кој  игра под просекот оваа сезона.

„Во овој момент не сум загрижен поради тоа. Ако размислувам за Реал Мадрид а сум играч на Баерн Минхен тоа нема да биде добро за мене затоа што јас нема да бидам фокусиран на работата која ја имам пред себе. Јас сум играч на Баерн Минхен и сакам да го дадам максимумот овде“- коментираше Левандовски за „Кикер“.

Поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд игра уште една одлична сезона во дресот на Баерн Минхен и на вкупно 32 натпревари во сите конкуренции има постигнато 27 погодоци.