Брука во Португалија: Се играше натпреварот се додека Спортинг не постигна гол


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден видовме навистина срамна одлука на главниот арбитер на натпреварот помеѓу Тондела и Спортинг Лисабон.

Имено, вчерашната победа на Спортинг на гостувањето кај Тондела крена прашина со оглед на фактот што главниот судија дозволи да се игра се додека тимот од Лисабон не дојде до гол за победа.

Тондела поведе со 1:0 во 12. минута, а Баст Дост го изедначи резутлатот во 26. минута. Спортинг имаше иницијатива и се обидуваше да дојде до целосен пресврт иако имаше играч помалку. Сепак тоа не им одеше баш најдобро затоа што фудбалерите на домашниот тим одлично се бранеа.

Но, за жал на домашната публика тимот на Спортинг Лисабон постигна победоносен погодок длабоко во судиското продолжение. Се играше 99 минута кога поранешниот фудбалер на Ливерпул, Себастијан Коатес го пронајде патот до мрежата. Се ќе беше во ред доколку судијата немаше дадено „само“ четири минути надополнување, а натпреварот се играше дури пет минути повеќе што предизвика огорченост кај фудбалските љубители во Португалија.

Инаку, нашиот репрезентативец Стефан Ристовски кој е дел од Спортинг Лисабон не беше во протоколот за овој натпревар.