Пума му носи фантастично засилување на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека новиот спонзор на Милан, „Пума“ во текот на летниот преоден рок ќе му донесе едно големо засилување.

Имено, спонзорството на Милан со компанијата за спортска опрема официјално ќе започне на 1. јули 2018 година, а благодарение на оваа соработка на „Сан Сиро“ би можел да пристигне германскиот репрезентативец, Марко Ројс кој е заштитно лице на оваа компанија.

Наводно „Пума“ ќе се обиде да го приближи Милан до некои од нивните најголеми ѕвезди, а тоа веројатно ќе биде Марко Ројс на кого договорот со Борусија Дортмунд му истекува во 2019 година.