Невиден малер: во Евертон стигна пред неполн месец и тешко се повреди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евертон во зимскиот преоден рок донесе неколку засилувања од кои најголемо веројатно беше Елиаким Мангала.

Францускиот стопер кај „Карамелите“ пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а дебитираше за клубот во дебаклот против Арсенал (5:1).

Стоперот кој  е под договор со Манчестер Сити заработи повреда на следниот натпревар против Кристал Палас. Повредата веројатно е од посериозен карактер, а британските медиуми пишуваат дека Мангала ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната што ќе биде голем хендикеп за Евертон.

Доколку се остварат најавите и Мангала ја пропушти цела сезона, од Евертон ќе го вратат фудбалерот во Манчестер Сити.