Бонучи: Ништо веќе не беше исто после тој натпревар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи ја изненади фудбалската јавност кога минатото лето го напушти Јувентус и премина во екипата на Милан.

За заминуването на Лео од Старата Дама се шпекулираше со месеци, но многу беа сигурни дека кариерата ќе ја продолжи во Англија, каде што многу тимови покажаа интерес за него. Сите останаа без зборови откако дознаа дека Лео ќе ја продолжи кариерата на Сан Сиро.

Не е тајна дека Бонучи не се сложуваше баш со Алегри во последните месеци пред да замине, а неговото заминување беше неминовно.

Тој се присети на финалето од ЛШ во 2015. година, кога Јуве беше поразен од Барселона со 3:1 и откри дека тој натпревар промени се.

„Не сакам да го чујам зборот пораз, бидејќи после еден пораз се промени се во Јувентус. Кризата почна после финалето во Берлин и поразот од Барселона. Веќе ништо не беше исто после тој натпревар, а ние фудбалрите едноставно бевме очајни, бидејќи не можевме да си помогнеме едни со други“, изјави Бонучи.