„Јас мислам дека треба да го убиеме Санчез!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Севиља, Монтела беше духовит на денешната конференција за медиумите пред мечот во осминафиналето од ЛШ помеѓу Севиља и Манчестер јунајтед.

Монтела се обидува со Севиља да направи вистинско чудо и да го елиминира Јунајтед, а поранешниот тренер на Милан даде идеја како ќе го сопре Санчез.

„Јас мислам дека треба да го убиеме или нешто слично? Можеби да го врземе? Се сеќавам добро на Санчез уште од Италија. Беше навистина добар играч“, вели тој.

„Возбуден сум пред утрешниот меч. Мораме да бидеме подготвени психички и физички. Ќе биде ова одличен натпревар. Не знам колку натпревари вакви има Мурињо, но ќе бидеме подготвени да му се спротиставиме“