Баерн го торпедираше Бешикташ и си ја заврши работата по првиот натпревар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баварците го дочекаа Бешикташ како фаворити иако во осминафиналето од Лигата на шампионите влегоа од втората позиција. Дека гостите ќе поминат лошо во Минхен се чувствуваше уште на самиот старт кога Баерн целосно ја презеде иницијативата.

Сепак за гол се чекаше до 43. минута иако до тогаш домашниот тим веќе упати 17 удари кон противничкиот гол. Томас Милер го отвори резултатот по додавањето од Алаба кој одлично беше проигран од Коман.

Со овој резултат се замина на одмор, а во вториот дел следеше вистинска канонада кон голот на Бешикташ.

Најпрво Коман погоди за 2:0 во 53. минута, а во 66. минута Милер со својот втор погодок веќе донесе недостижна предност за Баерн Минхен. Последните два гола беа дело на Роберт Левандовски кој ја тресеше мрежата на гостинот во 79. и 88. минута.

Баерн Минхен сега мирно ќе го чека реваншот во Турција а потоа ќе го очекува противникот за четвртфиналната фаза.