Куртоа очекува понуда од Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тибо Куртоа очекува Реал Мадрид да го контактира неговиот агент иако тој е во преговори со Челси за продолжување на соработката.

Во интервју за „Кадена Коуп“ по натпреварот со Барселона, Куртоа изјави дека неговата иднина се уште не е јасна.

„Мојата иднина се уште не е јасна. Тоа што го реков дека моето срце припаѓа во Мадрид беше погрешно интерпретирано. Имам уште една година од мојот договор со Челси и среќен сум и преговарам за обновување на соработката. Челси ми даде доверба од првиот момент и тоа не го заборавам. Не мислам дека Флорентино Перез ќе ме побара мене, тој ќе го побара мојот претставник , а јас потоа ќе се консултирам со него“– коментираше Куртоа.