Идентичен резултат меѓу Вардар и Шкендија и по една недела, мајсторија на Фелипе (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите на Вардар и Шкендија ремизираа (1:1) во првиот натпревар од четвртфиналето во рамките од Купот на Македонија.

Натпреварот се играше на националната арена „Филип Втори“, а Шкендија прва го отвори резултатот преку Бесарт Ибраими во 63. минута.

Вардарци ги спаси нивниот најдобар играч, Фелипе кој во 79. минута со одличен удар ја затресе мрежата на Захов.

Реванш средбата по која ќе го дознаеме патникот во полуфиналето на програмата е на седми март.