Реал со пресврт славеше кај Легањес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во заостанатиот натпревар од 16. коло од Ла Лига, Реал Мадрид со пресврт славеше против Легањес со 3:1.

Зинедин Зидан ротираше во составот, а веќе во шестата минута Легањес го изненади „кралскиот клуб“ со рано водство до кое дојдоа со голот на Бустинза.

Сепак радоста на домаќините траеше само пет минути затоа што Лукас Васкез во 11. минута го изедначи резултатот, а потоа во 29. минута асистираше за Касемиро кој зголеми на 2:1.

Конечниот резултат го постави Серхио Рамос со гол кој го постигна од белата точка.

Со оваа победа Реал се искачи на третата позиција и сега е на 14 бодови од лидерот Барселона.