Алиоски по подолг период погоди за Лидс (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја затресе мрежата на Дерби Каунти во вечерашниот натпревар од 33. коло во Чемпионшип.

Крилниот напаѓач натпреварот го започна од клупата за резервни фудбалери а шанса доби во 76 минута кога го замени Пабло Хернандез. Неполни две минути по измената Алиоски успеа да го најде патот до мрежата на Карсон.

Последниот гол Алиоски го постигна на 25 ноември минатата година кога ја затресе мрежата на Барнсли.