Де Хеа го повтори успехот на Ван Дер Сар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра 0-0 на гостувањето во Севиља во првиот меч од осмина финалето на ЛШ, а јунак на гостите беше Де Хеа.

Одличниот шпански голман, повторно со своите одбрани го спречи противникот да постигне гол. Против Севиља успеа да одбрани дури осум удари во рамките на голот и тоа прв пат се случило во 2011 година кога за најтрофејниот англиски клуб бранеше Ван дер Сар.

Поранешниот голман тоа успеа да го напраив во финалето во ЛШ против Барселона. Единствена разлика беше тоа што тогаш тој прими три голови, а сега Де Хеа ниту еден.