Зидан: Лукас и Асенсио секогаш ми беа важни!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид минатата вечер го победи Леганес со 1-3, а помош стигна од Васкез и Асенсио.

Двата Шпанци беа вклучени во составот, а Зидан ги пофали по натпреварот.

„Тие двајца секогаш ми биле важни. Среќен сум поради Лукас зашто тоа го заслужува и се бори постојано. Асенсио имаше феноменален натпревар и задоволен сум со него“, вели тој.

Ова е втора победа за Реал Мадрид во неколку денови, а Зидан исто така вели дека не се откажува никогаш.

„Во последните минути постигнувавме многу голови минатата сезона. Убедени сме и веруваме во повеќе. Мора да веруваме во тоа што го правиме и да мислиме дека нема проблем откако противникот ќе постигне гол“