Будно се следи ситуацијата околу Погба, неколку клуба веќе го контактирале Раиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку европски клубови веќе го контактирале Мино Раиола и се распрашувале за Пол Погба по последните шпекулации кои говорат дека Французинот не е среќен на „Олд Трафорд“.

Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед не ги оправдува вложените пари, а посебно лошо игра во последните неколку месеци. Наводно поради тоа се нарушил односот меѓу Погба и Мурињо и сега се бара решение за излез од ситуацијата.

Погба го започна на клупата за резервни фудбалери на натпреварот против Севилја во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите, а него го менуваше младиот Скот Мектомини.

Каква разврска ќе има целата оваа ситуација останува да видиме.