Белами седнува на тренерското столче на Оксфорд


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Прославениот фудбалер на Велс и член на неколку премиерлигаши, Крег Белами следната недела ќе биде назначен за нов тренер на Оксфорд Јунајтед.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Сити беше дел од тренерскиот тим на Нил Ворнок во Кардиф, а сега за прв пат во кариерата самостојно ќе преземе некој тим.

38 годишниот Велшанец кој има 78 настапи за својата репрезентација беше во трка и за селекторската позиција на Велс, но од фудбалската федерација на оваа држава се одлучија шанса да му дадат на Рајан Гигс.