Јувентус се договорил со Јунајтед?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус си договорил засилување од Манчестер Јунајтед за летниот преоден рок, барем така пишуваат медиумите.

Нов член на Јувентус треба да стане Матео Дармијан. Тимовите се договориле за висината на трансферот и 28-годишниот дефанзивец ќе стане нов член на гигантот од Торино.

Дармијан неодамна се поврзуваше со нив. Се обиде Јуве да го донесе и во јануари, но не успеа да се договори.

Италијанецот кај Мурињо оваа сезона игра многу малку, па поради тоа побара да замине, а очигледно Јувентус е спасот за него.