Барса се откажува од трката за одличниот фудбалер на Лион


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, од таборот на Барселона се откажале од намерата во своите редови да го донесат Набил Фекир од Лион.

24 годишниот фудбалер се поврзуваше со трансфер во Арсенал, а денес весникот „Спорт“ пренесува информација дека   од Барселона се откажале од намерата да го донесат во своите редови со што „топчиите“ стануваат главни фаворити за неговиот потпис.

Фекир е еден од најдобрите играчи на Лион, а оваа година на 33 настапи постигнал вкупно 21 погодок на кои има додадено уште шест асистенции.