Левандовски го промени агентот и најавува топ трансфер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберт Левандовски го промени својот агент откако десет години беше претставуван од Цезар Кучарски.

Наводно, Левандовски ова го сторил затоа што планира да го повлече последниот чекор и да го напушти Баерн Минхен ова лето. Напаѓачот е свесен дека доколку не направи трансфер ова лето тоа може да биде последна шанса за него да заигра за друг топ клуб во Европа.

Фудбалерот веќе им кажал на челните лица на Баерн Минхен дека сака да си замине следното лето. Не е тајна дека за него сериозен интерес има од Реал Мадрид кој оваа година нема адекватна опција за нападот затоа што Карим Бензема е далеку од посакуваната форма.

Левандовски пак има перфектна статистика зад своето име постигнувајќи 139 погодоци на 180 натпревари.