Де Геа избран за играч на неделата во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само чудо го спаси Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Санчез Писхуан“ да замине со позитивен резултат во Англија.

Јунак на „црвените ѓаволи“ беше Давид Де Геа кој имаше неколку врвни одбрани и беше најзаслужен што Јунајтед непоразен ќе ја пречека Севиља на „Олд ТрафорД“.

Иако целиот тим не одигра баш најдобро, Де Геа беше на висина на задачата, па заслужено го понесе епитетот играч на неделата во Лигата на шампионите.

Де Геа на споменатиот натпревари имаше осум неверојатни интервенции и со над 48% од гласовите на фановите преку социјалните мрежи зад себе ги остави Вилијан, Милер и Фред.