Невил: Гигс беше исклучок, Рашфорд не треба да се грижи што не е редовен во првиот тим на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гери Невил во интервјуто за „Сокер Сатурдеј Супер 6“ истакна дека честите ротации на Маркус Рашфорд во првиот тим и на клупата за резервни фудбалери се сосема нормална работа за еден млад фудбалер.

„Мислам дека тој играше доста оваа сезона, има многу минути на теренот и до пред некој натпревар имаше удел во секој меч. Кога си млад играч и доаѓаш во првиот тим, не можеш наеднаш да играш на секој натпревар до крајот на кариерата. Рајан Гигс играше, но тој е исклучок“-коментираше Гери Невил.

Со пристигнувањето на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ сосема е очекувано да се намали минутажата на Маркус Рашфорд кој исто како и Чилеанецот делува по десната крилна позиција.