Понуда од соништата: Реал Мадрид нуди богатство за еден од најдобрите во Серија А?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра фантастична сезона во дресот на Лацио и моментално е еден од најбараните играчи за врска во светот.

Во минатите недели се споменуваше дека за неговите услуги се заинтересирани голем број екипи, меѓу кои беа Манчестер јунајтед и ПСЖ, но „Марка“ пишува дека Србинот најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.

Се смета дека Реал ќе мора да плати над 100 милиони евра за да го ангажира, а сигурно ќе има голема конкуренција од веќе споменатите ривали за неговиот потпис.

Милинковиќ-Савиќ во текот на оваа сезона одигра 32 натпревари во дресот на Лацио, а има постигнато девет голови и шест асистенции.