„Можев да заминам во Кина за пари, но тоа не е мој стил“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот напаѓач Вејн Руни летово одлучи да го напушти Јунајтед и да се врати во Евертон.

Руни ги напушти „ѓаволите“ зашто беше јасно дека Мурињо повеќе не смета на неговите услуги. Иако имаше неколку богати понуди, на крајот замина каде што ја започна кариерата.

Искусниот напаѓач во разговори за медиумите кажа дека едноставно не можел да прифати понуда од САД или Кина.

„Летото кога го напуштив Јунајтед беше лесно да заминам било каде. Во Кина, САД или на некое друго место може да заработите многу пари, но тоа не е за мене. Јас не сум таков. Сакам да играм фудбал и да постои притисок и желба за игра на врвно ниво“, вели Руни.