Мурињо: Натпреварите против Челси имаат се помала важност!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Големото дерби од 28 коло во ПЛ се игра утре во Манчестер помеѓу Јунајтед и Челси, а поради тоа на конференцијата за новинарите зборуваше Мурињо.

Секако, Мурињо е секогаш во центар на внимание кога води некој друг тим против Челси, со оглед на тоа дека претходно два пати беше тренер на „сините“.

„Натпреварите против Челси секоја година губат важност. Секако, веќе неколку години поминаа откако заминав од клубот, а наредната сезона ќе бидат цели три години, а потоа и четири. Чекор по чекор, мислам дека чувството дека сум бил тренер на Челси полека, но сигурно исчезнува“, вели Мурињо.

Натпреварот помеѓу ривалите се игра во недела од 15:05.