Ги одби Реал и Челси, а сега само Роналдо, Меси и Иниеста се пред него!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Реал Бетис, Јоакин уште како млада ѕвезда имаше шанса да се најде во самиот врв на светскиот фудбал, но крилниот играч не се двоумеше ниту еднаш, кога го одби Реал Мадрид, а потоа и Челси.

На 36-годишна возраст веќе има одиграно 700 професионални натпревари во кариерата, а тоа е неверојатно бројка. Само Роналдо, Меси, Рамос и Иниеста имаат повеќе настапи од Јоакин.

„Многу клубови беа заинтересирани за мене, вклучувајќи го и Челси. Не сакав да поминувам низ мака со селење и слично, бев среќен во Бетис. Трансферот беше договорен, но јас го погледнав мојот татко и му кажав дека не сакам да заминам“, вели Јоакин.