Сивори, Платини, Баџо, Дел Пјеро… Пауло на тебе е редот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пол Погба може да замине, но немојте да мислите дека Јувентус така лесно ќе се распадне.

Навивачите на Јувентус на секоја провокација од почетокот до крајот за извесната продажба на Пол Погба ќе одговорат на сличен начин: не така одамна замина Зинедин Зидан, па бјанконерите со тие пари направија страшен тим.

Не само поради доаѓањето на Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин, се разбира и Марко Пјаца, Мехди Бенатија и Дани Алвеш. Раководството на Јувентус веднаш го идентификува и лидерот на новиот тим. Кој друг ако не Пауло Дибала.

И веднаш мала лекција од работењето на фудбалските клубови. Другите да видат како тоа се работи. Иако договорот на Дибала му истекува во 2020-та година, Јуве веднаш се јави да ја продолжат соработката. Само до 2021-ва, но со зголемување на платата од 3 милиони на 4 милиони евра.

Меѓутоа тука не е крајот. Раководството на Јувентус во случај да замине Погба, на Дибала ќе му ја даде десетката, а тој дрес има посебно значење бидејќи го носеа легендарниот Омар Сивори, па Мишел Платини, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро… Пол Погба тука е најмалку важен. Но, десетката не е. Тоа сигурно го знае Дибала.

Пораката на раководството на Јувентус е јасна – Пауло, биди наш лидер.