Знаете ли што Ван Гал остави на Ибра во наследство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тие двајца не се баш во добри односи, но имаат нешто заедничко…

Познато е дека Ван Гал и Ибрахимовиќ во Ајакс не соработуваа баш најдобро. Ван Гал никогаш не го тренираше Швеѓанецот, но беше директор на клубот во времето додека Ибрахимовиќ играше за Ајакс.

Секогаш имаше примедби за однесувањето на младиот играч, а Ибрахимовиќ не размислуваше да му одговори, а во некое интерву со доста потсмев зборуваше за Ван Гал.

Ако холандскиот стручнак го преживееше летото на клупата на Ѓаволите, немаше да го видиме Ибра во дресот на Јунајтед.

Сепак, Ван Гал остави нешто на Ибрахимовиќ во наследство.

Во прашање е “Мерцедес“, автомобил кој го вози Ибра откако стигна во Англија.

Тој вчера го искористи слободниот ден за после победата и спектакуларниот гол против Галатасарај за со фамилијата да оди на куглање, стрпливо да позира со навивачите, а го следеше обезбедување.

Тоа што фати за око е автомобилот кој пред Ибрахимовиќ го користеше Ван Гал.