ПСЖ не го дава Кавани ни за 50 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Паркот на Принцевите стигна многу голема понуда за Уругваецот, но Светците не сакаат да слушнат за продажба.

Понуда стигна од Интер, дознава Кориере дело Спорт.

„Нероаѕурите“ најверојатно ќе останат без Мауро Икарди и идеална замена за Аргентинецот гледаат во Кавани.

Меѓутоа, новиот спортски директор на ПСЖ, Патрик Клајверт, порачува дека Уругваецот не е на продажба.

Шампионот на Франција во ова лето остана без Златан Ибрахимовиќ, па продажбата  на поранешниот напаѓач на Наполи и Палермо не доаѓа во предвид.

Интер сега со сите сили се насочува кон талентиранито Бразилец Габигол, тоа нема да биде ниту малку лесно бидејќи ова талентирано момче го сакаат многу голем број на богати европски клубови.