Бразил има нов селектор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Испаѓањето од групната фаза на Копа Америка, доведе до тоа Карлос Дунга да го изгуби селекторското место, а Бразил веќе доби нов селектор.

Нов селектор на “Кариоките” ќе биде досегашниот тренер на Коринтијас, Тите.

Дунга заработи отказ откако неговата репрезентација беше елиминирана од Копа Америка, а експресно беше пронајдена негова замена.

Тите има 55 години, а скоро целата своја тренерска кариера ја помина во Бразил.

Тој го напушти тренерското место во Коринтијас и ќе ја превземе репрезентацијата на Брази. Коринтијас, Тите го водеше на дури 378 натпревари во три мандати.