Ултиматум на Наполи: Ако не се опоравиш, ти доведуваме замена


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Наполи постави интересен ултиматум до шпанскиот голман Пепе Реина.

Раководството на клубот на искусниот чувар на мрежата даде 15 дена да се опорави од повредата или ќе побараат ново решение на позиција голман.

Шпанецот се опоравува од повредата на мускулот и од ден во ден пропушта тренинзи на екипата од Сан Паоло, а крајот може да го чини и место во тимот.

Италијанскиот тим одлучи да му постави ултиматум. Ако не биде спремен до 15 август, ќе ангажираат нов голман, а на Реина ќе му биде покажана излезната врата од клубот. Како ново име се меѓу стативите на екипата на Наполи се споменува Марко Спортиело…