Ван Гал го критикуваше Мурињо поради еден играч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луи ван Гал истакна дека не бил среќен со начинот на кој Жозе Мурињо се однесувал кон Бастијан Швајнштајгер.

„Швајнштајгер секако беше постар, но не беше премногу стар. Неговото тело беше во можност да се носи со високите барања на Премиер Лигата. Баерн нас ни продаде фит фудбалер. Начинот на кој Мурињо се однесуваше со него по моето заминување не беше во ред. Тој не го заслужи тоа“ –коментираше ван Гал.

Англиските медиуми шпекулираат дека Холанѓанецот би можел да биде привремен наследник на Антонио Конте во Челси доколку Италијанецот заработи отказ во следните недели.