Јувентус прв финалист во Копа Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус се пласираа во финалето од Купот на Италија откако денес на домашен терен со 1:0 славеа против Аталанта во реваншот од полуфиналето.

„Старата дама“ во двомечот против клубот од Бергамо славеше со вкупни 2:0 и така се пласираше во финалето на ова натпреварување.

Аталанта во Торино допатува со надеж да се надигрува со Јувентус затоа што беше јасно дека нема што да изгуби со оглед на поразот од првиот натпревар одигран во Бергамо.

Следниот финалист ќе го дознаеме за нешто повеќе од два часа кога ќе финишира средбата помеѓу Лацио и Милан.