Реконструкција кај „Кралевите“: 300 милиони евра за тројца нови Галактикоси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вчера доживеаја уште еден шок откако беа поразени од тимот на Еспањол.

Доколку Барселона утре победи кај Лас Палмас ќе се одлепи од Реал Мадрид на високи плус 16 поени, разлика која ни во најубавите соништа не може да биде стигната.

Реал спас на сезоната ќе бара во Лигата на шампионите, а за следната година сигурно ќе следи реконструкција на составот.

Медиумите пишуваат дека Перез ќе издвои 300 милиони евра за тројца нови фудбалери. Прв на листата е Хари Кејн од Тотенхем, за кого од Реал се подготвени да платат 200 милиони евра.

Вторите двајца играчи кои ќе пристигнат на „Бернабе“ ќе бидат Еден Азар и Мауро Икарди, а овие играчи ќе ги купат со парите кои ќе ги заработат од продажбата на Бензема и Бејл.