Го одбив Ливерпул затоа што знаев дека во Галата ќе освојам повеќе трофеи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандскиот фудбалер Весли Снајдер со голем успех го носеше дресот на Интер, а ги изненади сите кога направи трансфер во Галатасарај во 2013 година.

Тогаш Снајдер имаше 28 години и сигурно беше на врвот на својата кариера. Поранешниот член на Реал Мадрид покрај од Галатасарај имаше и многу други понуди, а најголем интерес покажал Ливерпул.

„Многу клубови ме посакуваа кога одлучив да го напуштам Интер. Ливерпул покажа најмногу интерес и знам дека луѓето се шокираа  кога го одбра Галатасарај. Зошто Галата, а не црвените? Во себе имам победнички менталитет и играм за титули. Заминав таму зошто знаев дека ќе освојам повеќе титули отколку во Ливепрул. По се гледам дека добро сум постапил“- коментираше Снајдер.

Холанѓанецот во моментов настапува во катарскиот тим Ал Гарафа каде направи трансфер на почетокот на оваа година.