Вардарки го совладаа Битигхајм за лидерската позиција во групата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Избраничките на Ирина Дибирова во сц. „Јане Сандански“ го совладаа тимот на Битигхајм со 30:22 и со тоа го обезбедија првото место во групата.

Нашиот шампион беше фаворит на оваа средба, но во првиот дел се мачеше против германскиот претставник.

Сепак, победата на нашите претставнички во најелитната ракометна лига во ниту еден момент не беше донесена под знак прашалник.

Во таборот на Вардар најпрецизна беше Андреа Лекиќ која зад своето име запиша осум погодоци, а одлична меѓу стативите беше Амандин Лејно.