Шкотска и Англија се борат за момчето кое блесна на „Олд Трафорд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скот Мектомини е млад фудбалер кој оваа сезона доби шанса од Жозе Мурињо да заигра во првиот тим на Манчестер Јунајтед и ја искористи во целост.

Неговите добри игри не останаа незабележани од репрезентациите на Англија и Шкотска кои може да го видат во своите редови.

Мектомини е роден во Англија, но има шкотско потекло. Претходно Мектомини во неколку наврати потенцира дека во иднина сака да го носи дресот на Шкотска, но по сериозниот интерес од Англија работите се менуваат.

Наводно веќе е закажана средба помеѓу Герет Саутгејт, селекторот на Англија и Скот Мектомини. Саутгејт ќе се обиде да го убеди младиот фудбалер дека неговата иднина е поврзана со репрезентацијата на Англија, но едно е сигурно, тој нема да биде повикан за Мундијалот во Русија.

Мектомини ги помина сите старосни категории во клубот од „Олд Трафорд“, а сега се доближува до статусот редовен првотимец под палката на Мурињо.