Ќе има ВАР систем на Мундијалот во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ВАР технологијата и официјално ќе биде користена на Светското првенство што ова лето ќе се одржи во Русија.

Ова го одлучија официјалните лица на ФИФА, но конечната и официјална потврда ќе биде донесена на 16 март.

Сепак, претседателот на ФИФА меѓу редови истакна дека ВАР технологијата ќе биде применувана на Мундијалот.

„Од денес, ВАР е дел оф модерниот фудбал. Се надеваме и ги охрабруваме сите оваа одлука да се почитува затоа што ние сме многу задоволни од ВАР системот“ –коментираше Џани Инфантино.