Реал сигурен против Гетафе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид запишаа сигурна победа над Гетафе во 27. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ до победа ги водеше Кристијано Роналдо кој постигна два погодоци и така дојде до бројката 300 голови во шпанското првенство.

Покрај Португалецот, за Реал Мадрид погоди и Герет Бејл кој го отвори резултатот во 24. минута од натпреварот.

Гетафе единствениот погодок го постигна преку Портиљо кој го матираше Навас по успешно изведен пенал.

Избраниците на Зидан ја запишаа 15. победа оваа сезона која е доволна да ги задржи на третата позиција на табелата.