Стојанов повеќе не е тренер на Академија Пандев


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Досегашниот предводник на Академија Пандев, Панче Стојанов од денес повеќе не е тренер на клубот откако поднесе неотповиклива оставка од својата функција.

Раководството на клубот ја потврди истата но и посочи дека Стојанов ќе остане во Академија Пандев како координатор на младинските категории во клубот.

Во следните неколку кола тимот ќе го води Југослав Тренчовски кој има тренерска А лиценца, а потоа ќе следи и перманентно решение за клупата.