Одличен старт на натпреварувачката 2018 сезона за Хва Рант ИТФ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Лескоец, Охрид викендов учествуваше на меѓународен теквондо А класа турни „Србија Опен 2018“ кој се одржа во Суботица.

На овој турнир учествуваа натпреварувачи од 34 клубови од 14 земји меѓу кои и натпреварувачи од Украина, трета светска сила во овој спорт.

На престижниот турнир многу земји ги претставија своите репрезентации за следното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија. И од редовите на Хва Ранг ИТФ го претставија својот репрезентативец, Филип Јосифоски кој ќе ја претставува нашата земја на Европското првенство.

Јосифоски го освои второто место откако во финалето во борби загуби од актуелниот светски вицешампион, Ангонт Огорелков.

 

„Хва Рант ИТФ“ настапи со 17 натпреварувачи  од кои 3 дебитанти и успеа да освои вкупно 21 медали , од кои 4 златни медали, 4 сребрени и  13  бронзени медали .

Освојувачи на медали  се

-Филип Јосифоски ,         2 место-сребро борби -64 кг сениори,

3 место-бронза форми црн појас II дан.

-Миле Климоски,            1 место-злато форми црвен појас сениори.

-Јане Димов,                     1 место-злато  форми зелен појас јуниори 16-17 години,

3 место-бронза борби +75 кг јуниори 16-17 години.

-Антонио Јанески,           1 место- злато форми зелен појас јуниори 14-15 години.

-Божидар Димитриевиќ, 3 место-бронза     борби +70 кг јуниори 14-15 години.

                                                 3 место -бронза  форми плав појас јуниори 14-15 години,

 

-Анастасија Велјаноска,  3 место- бронза борби -60 кг јуниорки 14-15 години,

2 место-сребро форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Ангела Велјаноска,         3 место- бронза борби -55 кг јуниорки 14-15 години,

3 место-бронза форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Христијан Митрески,     2 место -сребро  формиплав појас јуниори 14-15 години,

                                               3 место-бронза    борби +70 кг јуниори 14-15 години.                                                                                                                                                                                      

-Елена Јанеска,                  1 место-злато  борби +40 кг девојчиња 10-11 години,

                                               3 место-бронза жолт појас девојчиња 10-11 години.

-Давид Велковски,           3 место-бронза борби -60 кг. Јуниори 14-15 години.

-Филип Трифуноски       3 место борби -55 кг кадети 12-13 години.

-Стефан Каланоски         3 место-бронза форми зелен појас  јуниори 14-15 години.

-Давид Крстески              2 место-сребро борби, -35 кг. деца  10-11години,

3 место –бронза форми плав појас деца  10-11години,