Вардар очекувано без проблеми против Динамо Панчево


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Вардар славеше лесна победа од 27:23 на гостувањето во Панчево кај Динамо во рамките од регионалната СЕХА Лига.

Со оваа победа вардарци ја продолжија серијата без пораз во ова натпреварување и останаа на првото место во поредокот.

Вардарци ја диктираа играта во текот на целиот натпревар иако беше евидентно дека ракометарите играат со половина сила. Раул ротираше во составот и шанса добија неколку млади ракометари.

Најпрецизен во редовите на „црвено црните“ беше Мартин Поповски со шест погодоци, на пет застана Даинис Криштопанс, додека четири пати во листата на стрелците се запиша Шпанецот, Хорхе Македа.