Македонецот Дејан Милошевски најмлад светски судија во карате


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонецот Дејан Милошевски (30) стана најмладиот светски судија во карате. На карате премиер лигата во Дубаи, која се одржа од 10-ти до 18-ти февруари годинава, учествуваа 400 судии и 619 натпреварувачи од 73 земји, а натпреварот овозможи двајца судии од Македонија да се стекнат со лиценци за светски судии во карате борби-кумите, Дејан Милошевски и Валентина Пурдеска.

„Јас сум по втор пат најмлад судија, прво со европска лиценца, а сега и со светска. Со оваа лиценца се вбројувам во десетте светски карате судии во Македонија“, изјави Милошевски.

Дејан засега е единствен во Македонија што во иста календарска година (2013) станал државен првак во кати, а потоа балкански и европски судија во карате за кати и борби. Како што вели и самиот, напорните тренинзи и многубројните наптревари не се пречка за да продолжи со својата кариера и со голема гордост и задоволство да ја претставува Македонија во светски размери.

„Со оваа лиценца можам да судам на сите интернационални натпревари во целиот свет. Мојата следна цел се Олимписките игри во Токио 2020 каде каратето конечно ќе биде дел од оваа најголема светска спортска манифестација“, истакнува Дејан Милошевски, најмладиот светски карате судија.