Ангеловски: Не е време за експерименти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на повикани играчи за натпреварите против Финска и Азербејџан кои ќе бидат своевидна генералка пред Лигата на нациите.

Ангеловски смета дека пред нас е голема шанса со Лигата и дека по одличната 2017 година не треба многу да менува во репрезентацијата.

„Пред нас е една исклучително значајна година и настапот во Лигата на Нации. Во списокот нема поголеми промени.. Сметам дека во овој момент нема простор за експерименти, а освен тоа 2017 беше добра и задоволен сум од сите репрезентативци што беа повикани. Тоа што е добро не треба да се менува. Имаме голема шанса во Лигата на Нации и сакам да го освоиме првото место. Ги следам сите фудбалери и стојам зад изборот што го направив“,-коментираше Ангеловски.

Собирот на македонската А репрезентација е предвиден на 18 март во Белек, Анталија, тимот ќе биде сметен во хотел “Глориа“, а натпреварите се закажани на 23. март со Финска и на 27. март со Азербејџан.