Ристовски одигра цел натпревар во победата на Спортинг над Плзен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во кој Спортинг Лисабон со 2:0 славеше против Виторија Плзен.

Португалците до победата стигнаа со двата гола на Фреди Монтеро кој погоди на самиот крај на првиот дел и на почетокот на второто полувреме.

Ристовски се пожали на болка во мускулот по крајот на првото полувреме, но го одигра целото второ полувреме иако видно беше дека не е целосно подготвен.

Марсеј и Билбао одиграа фантастичен натпревар на „Велодром“ , а домаќинот славеше победа со 3:1.

Лајпциг со 2:1 славеше против тимот на Зенит, додека пак Лацио и Динамо ремизираа (2:2) во натпревар со одлично второ полувреме во кое ги видовме сите четири голови.