Градско дерби во полуфиналето од Купот, Академија Пандев ќе брка прво финале против Пелистер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката во пресрет на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.

Така на еден чекор до финалето ќе се сретнат градските ривали од Тетово, Шкендија и Ренова, додека пак вториот полуфинален пар го сочинуваат Пелистер и Академија Пандев.

Првите натпревари на програмата се закажани за 14.03. 2018 (среда), додека реванш средбите ќе бидат речиси еден месец подоцна, на 11.04.2018 (среда).

Финалето од Купот на Македонија е закажано за 9 мај.